Летната љубовна авантура заврши за Леонардо Дикаприо и Блејк Лајвли.
Претставник на актерката потврдил за американските медиуми дека нејзината врска со Леонардо е завршена и дека разделбата била пријателска.
36-годишниот актер за првпат беше виден во друштво на русокосата Лајвли во мај, за време на Канскиот филмски фестивал. Оттогаш славниот пар ја продолжи својата романса низ цел свет. Тие беа фотографирани заедно во Италија, Дизниленд и Австралија.
Неколку недели пред Леонардо и Блејк да ја започнат петмесечната врска, Лео се раздели од Бар Рафаели со која со прекини беше заедно скоро 5 години.
Лајвли во октомври минатата година ја прекина тригодишната врска со Пен Баџли, познат по улогата на Ден во „Gossip Girl“.