Леонардо Дикаприо ретко се појавува во јавност со своите партнерки.
Но, 49-годишниот актер беше „уловен“ од папараците додека се шеташе за рака со девојката Виторија Черети. Славниот Оскаровец и неговата 26-годишна партнерка релаксирано чекореа низ Њујорк облечени во кежуал модни комбинации.
Минатата недела, Черети за првпат дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret.
Лео и Виторија започнаа да се состануваат во август минатата година. Иако сè уште се немаат појавено заедно на свеченост, се шпекулира дека нивната врска станува сè посериозна.