„Крвта не е вода.“
Колаж од фотографии од Бијонсе и нејзината ќеркичка Блу Ајви покажува дека малото девојче е мини копија на својата славна мајка.
Фотографијата ја сподели Тина Ноулс, мајката на Бијонсе, и во описот напиша: „Некој ми го испрати ова. Колку e слатко?“. На неа, Бијонсе има пет години, исто колку што сега има Блу Ајви.
Пред две години, за денот на мајката, Бијонсе на Instagram постави фотографија на која позира со својата ќерка Блу Ајви и фотографија од својата мајка Тина и од неа од времето кога била на слична возраст како Блу Ајви. Не може да не се забележи огромната сличност меѓу тогаш 3-годишната Ајви и малата Бијонсе.

Блу Ајви е единствено дете на Бијонсе и Џеј Зи. Славните музичари стапија во брак во април 2008 година.














