Кристијано Роналдо со огромна брзина го проширува своето семејство. Пред два месеци тој стана татко на близначињата Ева и Матео благодарение на сурогат-мајка, а неодамна се дозна дека неговата девојка Џорџина Родригез е бремена.
Португалската ѕвезда сподели фотографија на која ужива покрај трите деца и саканата. На семејната фотографија, Роналдо ја држи во прегратка малата Ева, додека Џорџина го држи Матео. Зад нив со широка насмевка позира 7-годишниот Кристијано Џуниор.
Џорџина, за која се шпекулира дека е во петтиот месец од бременоста, сподели видео од свој тренинг во домашна атмосфера.
Кристијано и Џорџина во изминатиов период во неколку наврати беа фотографирани на летни одмори.