Фудбалската еуфорија што владее поради Светското првенство го прави ова одличен момент за појавувањето на нови рекламни материјали за кампањата на Армани со учество на Кристијано Роналдо.
Сексапилниот фудбалер повторно се раслече за рекламната кампања есен/зима 2010-2011 на Armani Jeans и Emporio Armani Underwear.
Фотографиите се направени во Мадрид и се планира да бидат поставени како билборди во поголемите градови како Њујорк, Лос Анџелес, Лондон, Милано, Рим, Париз и Токио.
Во септември ќе се појави и кратко видео и онлајн реклама со 25-годишната ѕвезда на Реал Мадрид.