Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо стана татко на машко дете. На неговиот веб сајт и на неговите страни на Facebook и Twitter вчера вечерта се појави соопштение од самиот Роналдо во коешто тој објавува дека станал татко, но не го открива идентитетот на мајката на бебето.
“
Со голема радост ве информирам дека неодамна станав татко на машко бебе. Како што се договоривме со мајката на бебето, која претпочита нејзиниот идентитет да биде зачуван во тајност, син ми ќе биде под мое ексклузивно старателство. Нема да бидат објавувани повеќе информации на оваа тема и барам од сите да го почитуваат моето право на приватност (и таа на детето) особено за теми кои се толку приватни како оваа.
Португалскиот весник Correio da Manha пишува дека мајката на бебето е од Америка и се породила на почетокот на јуни. Странските медиуми објавија информации дека семејството на Роналдо веќе ги подготвува документите за да го донесе детето во Португалија.
Не е тајна дека Роналдо имаше краткотрајни врски со многу жени. Минатиот месец бил забележан на јахта со рускиот модел Ирина Шаик.
Истиот весник пишува дека компанијата Gestifute којашто стои зад познатиот фудбалер потврдила дека веста е вистинита.