Кристијано Роналдо стана татко по четврти пат. Славниот Португалец и неговата девојка Џорџина Родригез ѝ посакаа добредојде на ќеркичката Алана Мартина.
Легендарниот фудбалер ја сподели среќната вест со своите фанови преку Instagram. 32-годишниот фудбалер објави фотографија од болницата со бебенцето, саканата девојка и малиот син. „Сите сме многу среќни!“ - напиша тој.
Роналдо пред неколку месеци доби близнаци благодарение на сурогат-мајка.
„Татковството ме научи на нешта за љубовта за кои не ни знаев дека постојат. Ме разнежни и ми даде нова перспектива за тоа што навистина е важно во животот“ - изјави тој неодамна.