Познатата пејачка Кристина Агилера била уапсена поради оддавање на пијанство на јавно место, а нејзиното момче Метју Ратлер за возење под дејство на алкохол, објави сајтот TMZ.
Во раните утрински часови во Западен Холивуд бил запрен автомобил во кој на патничкото седиште била Кристина. 30-годишната пејачка била многу пијана и според зборовите на полициски претставник „не била во можност да се грижи за себе“.
Според податоците на полицијата, на Метју му е одредена кауција од 30 000 долари.
„Ако не беше уапсен возачот за возење под дејство на алкохол, Кристина немаше да биде во неволја“ – изјавил извор за TMZ.
Блиски на Кристина тврдат дека во последно време се обидувале да ја однесат славната пејачка на рехабилитација.