Криси Тиген излезе на вечера со својот сопруг Џон Леџенд девет дена по раѓањето на својата ќерка, но стана мета на остри критики.
Едни ја критикуваат 30-годишната Американка дека прерано ја оставила својата ќерка за да се забавува на вечера, други со осудување споменуваат дека парот со години се мачел да добие бебе, а сега го напушта прерано, трети неосновано заклучија дека Тиген не ја дои ќерката, додека четврти генерализираа дека сите славни мајки прерано ги оставаат бебињата сами дома.




Криси, која изгледаше прекрасно во кремово боди од Balmain, уште еднаш ја покажа својата смисла за хумор, коментирајќи ги критиките на Twitter. „Излегов на вечера. Луѓето се бесни. Добро утро!“ – напиша славниот модел на својот профил.
I went to dinner. People are pissed. Good morning! pic.twitter.com/oQ54mtet8c
— christine teigen (@chrissyteigen) April 24, 2016



Кога беше запрашана во коментарите како е бебето Луна, Тиген се пошегува: „Не знам, не можам да ја пронајдам“.
i dunno i can't find her https://t.co/fEj8rFHEMI
— christine teigen (@chrissyteigen) April 24, 2016
Сепак, додека едни ја критикуваа, други не заборавија да ѝ ја изразат на Криси својата поддршка и разбирање. Една обожавателка ѝ напиша на Instagram: „Независно од тоа што правиш како мајка, секогаш ќе ти судат, независно дали си познат модел на Instagram или „просечна“ мајка која чекори по улица. Ние, мајките, треба да се поддржуваме, а не да се оцрнуваме. Се надевам дека ништо од ова не си го ставаш на срце, иако е тоа тешко кога си преплавена со хормоните на нова мајка! Ти ја испраќам мојата мајчинска поддршка, од „просечна“ австралиска мајка“.
Криси сподели со своите фанови дека немаат намера да ја кријат ќерката и дека ќе споделуваат фотографии со неа. Досега, таа има споделено три фотографии од малото девојче.


