Крис Браун експлодирал од лутина и бес, скршил прозорец и ја искинал својата маица по интервју во емисијата „Good Morning America“.
21-годишниот пејач избувнал откако му беа поставени неколку прашања во врска со инцидентот со Ријана.
За време на интервјуто кое било пренесувано во живо, водителката Робин Робертс започна да го испрашува Браун за Ријана и забраната за приближување. Познатиот рапер неколку пати се обиде да го пренасочи вниманието од Ријана кон својот нов албум и да ги избегне прашањата, но не успеа.
Иако водителката потврди дека Крис одобрил да биде интервјуиран за ситуацијата со Ријана, добро се гледаше дека е вознемирен поради тоа.
По завршувањето на емисијата, Крис со стол скршил прозорец, ја искинал својата маица и излегол од зградата.
Кратко време по инцидентот, Браун напишал на Twitter дека му е преку глава од тоа луѓето да го спомнуваат неговото минато.
Еве го и краткото интервју: