Шабан Шаулиќ почина во трагична сообраќајна несреќа во Германија. 68-годишниот српски пејач веднаш бил пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите.
Кралот на српската народна музика престојувал во Германија поради свој настап. Несреќата се случила во близина на Билефелд кога дошло до судир на две возила.
Според првичните информации, несреќата ја предизвикал возачот од другиот автомобил, кој наводно бил во алкохолизирана состојба.



Шаулиќ имаше богата музичка кариера и беше нарекуван „крал на народната музика“. На само 18-годишна возраст тој го издаде својот прв албум.

Потсетете се на неговите најпознати песни:
Dodji da ostarimo zajedno
Dva galeba bela
Odlazis odlazis
Погледнете ја и неговата изведба на „Зајди, зајди“: