Шпанската кралица многу често блеска во дизајнерски креации, но одвреме-навреме покажува дека може да изгледа исто толку женствено и елегантно во облека со пристапна цена.
Летиција шармираше покрај сопругот Фелипе на доделувањето на стипендии од компанијата Iberdrola.

За церемонијата која се одржа во Мадрид, 43-годишната припадничка на кралското семејство носеше цветен летен фустан од Zara, кој чинеше 50 долари пред да биде распродаден.








Кралскиот пар е во брак 12 години, а има две ќерки – Леонор и Софија.