Хајди Клум несомнено го обожава Халовин и секоја година посветува големо внимание на својата маска, па не е залудно нарекувана „Кралица на Халовин“.
На нејзината традиционална забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, 46-годишната Германка се појави во врвна маска заедно со својот сопруг. На настанот, креативниот модел пристигна како ужасен вонземјанин, возејќи се во приколка со стаклени ѕидови покрај Том Каулиц, кој носеше крвав костум од астронаут.
„Јас бев на мисија во вселената во потрага по нова планета, бидејќи ние речиси ја уништивме нашата. Па, таму ја пронајдов неа и ја доведов тука зашто сметав дека има корисни информации за нас“ – рекол Том.
Процесот на трансформација на Хајди траеше повеќе од 12 часа, а таа постојано споделуваше фотографии и видеа на Instagram.