Наближува највеселиот период од годината, а Мараја Кери ни го буди празничниот дух, позирајќи со восочната фигура која е нејзина копија.
55-годишната пејачка, позната како „Кралица на Божиќ“, го посети Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ во Њујорк во кој е поставена нејзината восочна „близначка“. Таа позираше заедно со фигурата, а фотографиите станаа хит.
Па, можете ли да препознаете која од двете стои зад хитот „All I Want for Christmas Is You“.
„Конечно пронајдов некој кој ќе ми помогне во доставувањето на подароците оваа година“ – напиша Кери во описот на фотографиите.
„Најдобрата восочна фигура која некогаш сум ја видела“, „Зошто си помислив дека се две споени фотографии“, „Одлична работа. Восочната фигура личи повеќе на Мараја Кери одошто самата Мараја Кери“, „Близначки“ – се само дел од коментарите.