Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Колин Фарел заврши маратон туркајќи пријателка во инвалидска количка, собра 600 илјади евра

Колин Фарел заврши маратон туркајќи пријателка во инвалидска количка, собра 600 илјади евра

Додека некои актери се суперхерои само на екраните, Колин Фарел е херој во вистинскиот живот.

48-годишниот ирски актер собра повеќе од 600 илјади евра на маратонот во Даблин кои ќе бидат наменети за добротворни цели. Тој ја заврши трката за 4 часа и 6 минути. Во последните 4 километри трчаше, туркајќи ја во инвалидска количка својата пријателка Ема Фогарти, која страда од Булозна епидермолиза, позната и како „кожа на пеперутка“.

Колин Фарел

Секој од километрите претставуваше по една деценија од животот на Ема, која во јуни наполни 40 години, возраст која таа не очекуваше да ја дочека ако се земе предвид дека е родена со најтешката форма на оваа здравствена состојба.

На фотографиите споделени онлајн, Ема се радува додека заедно ја поминуваат целната линија. Во видеото од моментот, Колин ја прашува дали ќе го направат ова повторно.

Колин Фарел Колин Фарел Колин Фарел

„Ја познавам Ема многу годинии таа е олицетворение на храброста, таа покажува како изгледа смелоста и одлучноста. Таа трка беше ништо во споредба со болката која таа е принудена да ја издржува секој еден ден, иако не го покажува тоа. Чест ми беше да ја видам како ме чека 4 километри пред крајот, секој од километрите претставуваше деценија од нејзиниот живот. Никогаш нема да го заборавам ова“ – рече Колин.

Собраните средства ќе бидат донирани за ирската организација „Debra“, која им помага на лицата кои се принудени да живеат со состојбата на Ема.

Колин Фарел Колин Фарел Колин Фарел Колин Фарел

Децата кои имаат Булозна епидермолиза се познати како „деца-пеперутки“, бидејќи нивната кожа е толку чувствителна што и најнежниот допир може да нанесе пукање, рани и болка.

Ема има завои на 80% од телото за да спречи инфекција на раните.

Колин Фарел Колин Фарел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.