Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан на официјална средба со Доналд Трамп во Белата куќа, состанокот привлече негативни коментари

Ким Кардашијан на официјална средба со Доналд Трамп во Белата куќа, состанокот привлече негативни коментари

Ким Кардашијан беше на официјална средба со Доналд Трамп во Белата куќа. 37-годишната реалити ѕвезда и 71-годишниот претседател на САД разговараа за реформите во затворскиот систем.

На состанокот, сопругата на Кание Вест побара помилување на Алис Џонсон, 63-годишна баба на која ѝ била досудена доживотна казна затвор.

Џонсон била приведена во 1996 година поради трговија со дрога и перење пари, откако 15-те нејзини соучесници сведочеле против неа и со тоа успеале да се извлечат од затворска казна, иако таа тврди дека имала само мала улога во нелегалните активности.

Ким и Доналд Трамп

„Би сакала да му се заблагодарам на Претседателот Трамп за издвоеното време попладнево. Се надеваме дека Претседателот ќе ја помилува г-ѓа Алис Мари Џонсон која служи доживотна казна затвор за ненасилно кривично дело поврзано со дрога“ – напиша Ким на Twitter.

„Оптимистични сме за иднината на г-ѓа Џонсон и се надеваме дека таа, и уште многу како неа, ќе добијат втора шанса за живот“ – дополни таа.

„Одлична средба со Ким Кардашијан денес, зборувавме за реформи во затворскиот систем и затворските казни“ – стои во твитот на Претседателот Трамп.

Средбата на Кардашијан и Трамп наиде на бројни критики. „Зошто оваа жена е поканета да дискутира значајни теми, кога е позната само по секс видео и покажувањето на нејзиниот задник во секоја прилика“, „Според мене ова навистина го сумира сето она што е погрешно со денешното општество“, „Америка достигна ново дно“ – се само дел од негативните коментари на интернет корисниците кои не се согласуваат ѕвезда од реално шоу да добива толку голема улога.

Ким беше придружувана од својата адвокатка Британи Барнет. „Денес е нејзиниот роденден, па нема поубав подарок од слобода на нејзиниот роденден“ – изјави Барнет за осудената Алис.

За средбата, Ким носеше црн костум и жолти обувки.

Ким и Доналд Трамп

Кардашијан и адвокатката потоа се упатија во домот на Иванка Трамп.

Ким и Доналд Трамп Ким и Доналд Трамп Ким и Доналд Трамп Ким и Доналд Трамп Ким и Доналд Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25191 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.