Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кејт Винслет: „Ако ние не им кажеме на нашите ќерки колку се убави, можеби нема да го слушнат од никој друг“

Кејт Винслет: „Ако ние не им кажеме на нашите ќерки колку се убави, можеби нема да го слушнат од никој друг“

Кејт Винслет има моќна порака за родителите.

49-годишната актерка во поткастот „How To Fail“ зборуваше колку е важно родителите да им кажуваат на децата дека се убави и дека се гордеат со нив. Како мајка на три деца, таа ја истакна важноста на комплиментите особено за девојките во критична возраст кои најчесто се изложени на негативност на социјалните мрежи.

Кејт Винслет

„Кога им даваме комплимент на нашите деца, особено на девојчињата... ако некоја мајка ме слуша, те молам запомни дека сум го рекла ова. Има многу негативност која младите девојки ја слушаат од светот, само затоа што светот е таков, но исто така, за жал, многу нив се на социјалните мрежи од многу рана возраст и се изложени на непотребно ниво на негативност секој ден од нивните животи.“

„Ако ние не им кажеме дека се убави и дека се гордееме поради она што се, можно е да не го слушнат од никој друг. Мораме ние да им го кажеме.“

„Можете да му речете на вашето дете: ‘Те сакам и ти си неверојатна’, но исто така има начин да му кажете: ‘Знаеш ли што ми се допаѓа кај тебе? Начинот на кој го гледаш светот и начинот на кој се облекуваш со толку многу стил и гордост. Баш ти се восхитувам поради тоа’. Тоа ќе легне во ушите на тинејџерка многу подобро отколку: ‘Изгледаш убаво мила’. Ова ќе влезе од едното уво, а ќе излезе од другото, бидејќи ова е нешто што очекуваат да го кажеме и нè имаат слушнато како го кажуваме милион пати претходно. Но, ако им кажеме: ‘Боже, изгледаш многу силно и енергично. Никогаш не ја губи гордоста со која чекориш низ светот. Неверојатна си’“ – вели Кејт во видеото.

Винслент се прослави по улогата во „Титаник“ која ја доби кога имаше само 19 години. Таа вели дека тоа ѝ го променило животот и ја направило мета на негативност и критики од медиумите. Нејзиното тело често било критикувано и коментирано, а тоа влијаело силно на неа.

„Отсекогаш имав многу нормална форма. Никогаш немав комплекси за физичката надворешност, не бев загрижена за мојот физички изглед, се чувствував добро, се чувствував силно... тогаш, одеднаш медиумите одлучија дека имам прекумерна тежина. Бев млада личност, го живеев животот и едноставно бев нормална“ – рекла таа.

Винслент вели дека 90-тите години биле години во кои се мислело дека сите жени треба да бидат иста големина и медиумите биле пресурови кон нив.

„Имав многу суров вовед во тоа како изгледа да си славен. Се сеќавам дека си мислев: ‘Не сакам повеќе да сум славна, ова е ужасно, ова е одвратно, прекини го веднаш’. По ‘Титаник’, ми требаше простор за да откријам која сум како уметник“ – додала Кејт.

Кејт Винслет Кејт Винслет Кејт Винслет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.