И покрај големата разлика во годините, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се радуваат на стабилен брак кој трае цели 24 години.
55-годишната актерка и 80-годишниот актер со стари фотографии од нивната свадба си ја честитаа годишнината од бракот. На нив, холивудскиот пар се бакнува и позира за свадбени фотографии.
„Пред 24 години, реков: ‘Да’. Среќна годишнина драг Мајкл. Те сакам“ – напиша Кетрин.
„Пред 24 години, драга моја. WOW колку голем среќник бев. Среќна годишнина Кетрин“ – стои во објавата на Мајкл.
Кетрин и Мајкл стапија во брак во 2000 година. Тие заедно имаат две деца, 24-годишниот Дилан и 21-годишната Карис.