Кендис Сванапул и Херман Николи го очекуваат своето второ дете. Убавата Јужноафриканка ја откри среќната вест преку фотографија на Instagram, на која си го прегрнува пораснатото стомаче.
„Божиќ дојде порано“ – напиша таа во описот.
29-годишната манекенка беше во блажена состојба и кога дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret минатиот месец, но нејзиното фит тело не ја издаде слатката тајна.
Атрактивната мајка беше фотографирана на плажа во Бразил, истиот ден кога ја објави радосната вест.
Кендис и Херман започнаа да се состануваат во 2005 година, а се верија во август 2015 година. Тие станаа родители во октомври минатата година, кога се роди нивното синче Анака.
Минатата година, Ирина Шајк бремена дефилираше на спектакуларното шоу на познатиот бренд за долна облека и вешто го криеше стомачето.