Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кајли Џенер со двете мали деца позираше за „Вог“ и зборуваше за постпородилната депресија

Кајли Џенер со двете мали деца позираше за „Вог“ и зборуваше за постпородилната депресија

Кајли Џенер ја доби насловната страница на септемвриското издание на британскиот „Вог“.

27-годишната риалити ѕвезда позираше за познатото модно списание во креации од врвни брендови, а за момент ѝ се придружија и нејзините две деца, ќеркичката Сторми и синчето Ер.

Кајли Џенер

Во интервјуто, Џенер изјавила дека постпородилна депресија ѝ се случила по двете бремености, но двата пати била различна.

„На 27 години конечно се чувствувам како себеси повторно. Кога ќе погледнам назад, додека бев бремена носев тренерки секој ден, немав време за да ги разберам дури ни најмалите нешта во мојот живот. И потоа, поспартумот траеше една година. Ментално, многу е тешко. Хормонално, многу е тешко.“

„Постпородилната депресија ми беше различна двата пати. Со син ми бев многу емотивна за нешта за кои нормално не би била. Зборував на телефон со мајка ми и хистерично плачев велејќи: ‘Не можам да смислам име за него’. Сега, мојот совет за сите пријатели кои чекаат бебе е да го изберат името претходно, бидејќи кога хормоните ќе те удрат, не можеш да носиш одлуки. Едноставно не можеш“ – рекла таа.

Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.