Кајли Миног раскина со Џошуа Сас. Славниот пар, кој се вери пред една година, официјално ја прекина свршувачката.
Додека кружат гласини дека 48-годишната музичка ѕвезда ја заврши врската со 29-годишниот актер поради негово неверство, Миног со пост на Instagram ја потврди веста. Во описот на фотографија од зајдисонце, Кајли истакна дека таа и Џош се во добри односи и дека си посакуваат сè најдобро еден со друг.

„Ви благодарам на сите за вашата љубов и поддршка низ ова поглавје од мојот живот. Ви благодарам за љубовта и разбирањето за веста дека јас и Џош решивме да одиме по различни патишта. Ние си посакуваме само најдобро еден со друг“ – стои во описот.

Тие се запознаа во 2015 година на снимањето на серијата „Galavant“, а беа во врска околу шест месеци пред Кајли да го прифати предлогот за брак на Џошуа.


Се шпекулира дека Џошуа ја изневери Кајли со шпанската актерка Марта Миланс.
