Калвин Харис е новото заштитно лице на Армани. Популарниот диџеј отсекогаш им се восхитувал на креациите на Џорџо Армани, па сега со задоволство ги презентира новите колекции на модната куќа за сезоната пролет/лето 2015.
Припадничките на понежниот пол не останаа рамнодушни на кампањата за долната облека на Emporio Armani, која се фокусира на тонираното тело на 31-годишниот Шкотланѓанец.
Калвин привлече и многу коментари за изгледот поради фотографии од неговото минато. Најчесто сме сведоци на големите трансформации на дамите во шоу-бизнисот, но јасно е дека често и мажите драстично го менуваат надворешниот изглед откако ќе застанат на сцената. За споредба, вака изгледаше Калвин во 2008 година.