И Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви не останаа имуни на Дизни манијата и си обезбедија свое место на премиерата на „Убавицата и ѕверот“ во Лос Анџелес.
На својот сајт, 35-годишната пејачка објави фотографии и гифови со 5-годишната ќеркичка, направени во нивниот дом пред да се упатат на филмскиот настан.
Целото семејство беше облечено во креации од модната куќа Гучи. Својот фустан во смарагдно-зелена боја, музичката дива го искомбинира со обувки од Алаја и накит од Кимберли МекДоналд.



Бијонсе и Џеј Зи очекуваат близнаци.














