Актерка отворено ги критикуваше вработените во списанијата кои со помош на Фотошоп манипулираат со фотографиите.
Џамила Џамил сподели фотографија од своја фотосесија за германското списание „CLiNT“ и призна дека не изгледа така во реалноста. 33-годишната активистка детално опиша кои делови од нејзиното тело се фотошопирани на фотографијата направена во 2011 година.
Џамила напиша дека за неа било ментално нездраво да се обидува да живее во реалноста според сликата која списанието ја создало за неа. Зошто? Затоа што речиси целото нејзино тело е променето – бојата на кожата ѝ е осветлена, стриите избришани, рацете ослабени, колената измазнети...


„Како се осмелуваат? Ова направи да се чувствувам ментално нездраво обидувајќи се да живеам во реалноста според оваа слика. Фотошопирањето е проклет ЃАВОЛ“ – напиша таа.
Џамила е позната во јавноста по својот остар говор и поради тоа што нема влакна на јазикот.




