Моника Белучи е на промотивна турнеја за филмот „On the Milky Road“ во својата татковина.
52-годишната Италијанка присуствуваше на премиерата во Рим, а на црвениот тепих зачекори во цветна креација од нејзините долгогодишни пријатели Долче и Габана.





На свеченоста беше и Емир Кустурица, кој глумеше во филмот, но и беше негов режисер.

Пред премиерата, Моника гостуваше во италијанско шоу во Милано.




