Моника Белучи беше почесна гостинка на Филмскиот фестивал во Трст. На 28. издание на манифестацијата, славната актерка беше почестена со наградата „Eastern Star 2017“.
Наградата секоја година ѝ се доделува на личност која успеала да изгради мост и да ги поврзе Источна и Западна Европа, а на шармантната Италијанка ѝ беше доделена за соработката со српскиот актер и режисер Емир Кустурица за филмот „On The Milky Road“.
На настанот, 52-годишната холивудска ѕвезда се појави во фустан од колекцијaта есен/зима 2016 на либанскиот дизајнер Ели Сааб.











