Моника Белучи е на гости кај нашиот северен сосед. Италијанската актерка го посети Белград по повод премиерата на филмот „On the Milky Road“.
На отворањето на Меѓународниот филмски фестивал, 52-годишната ѕвезда носеше црн фустан од Александар МекКвин.









Белучи беше придружувана од Емир Кустурица и Слобода Миќаловиќ. Освен што е режисер на филмот, Емир ја има и главната улога.


На аеродромот во српскиот главен град, Моника пристигна во црн костум од Гучи.




Истиот ден таа гостуваше во шоуто на Иван Ивановиќ. (Интервјуто со Моника започнува по 15-тата минута на видеото.)
Видео

