Бијонсе го отвори семејниот албум и сподели приватни фотографии од трудничка фотосесија. 35-годишната ѕвезда привлече огромно внимание откако сподели дека очекува близнаци.
„Имам три срца“ – пишува таа на својот сајт.
На дел од фотографиите славната пејачка позира гола, покажувајќи го заобленото стомаче, на други лежи покрај малата Блу Ајви, а на трети нурка во базен.



















Бијонсе сподели и фотографии од бременоста и првите месеци со Блу Ајви.



