Откако Мадона и 24-годишниот манекен Хесус Луз официјално се разделија, се појавија вести дека поп кралицата е во врска со нејзиниот кореограф Брахим Рачики.
Нејзиниот менаџер ги негираше таквите гласини. Сепак, на крајот изгледа Мадона навистина е во врска со Брахим, но не со Брахим Рачики како што се веруваше, туку со Брахим Зајбат.
Французинката Патриција Видал, мајката на Брахим, ја потврдила веста и раскажала за моментот кога научила дека нејзиниот 24-годишен син е во врска со Мадона.
DailyMail објави детали од разговорот и пишува дека Брахим ѝ се јавил на својата мајка и ѝ рекол: „Имам нова девојка мамо“.
Патриција била малку вознемирена кога ѝ кажал дека новата жена во неговиот живот е повозрасна, но му возвратила: „Отсекогаш си бил зрел за својата возраст – ќе биде добро да поминеш малку време со девојка која е малку повозрасна од тебе“.
Тогаш Брахим ѝ одговорил: „Не. Таа е 8 години постара од тебе мамо и нејзиното име е Мадона“.
„Ми се подотвори устата кога сфатив дека мојот син е новото момче на Мадона“ – раскажувала 44-годишната мајка.
Брахим се запознал со Мадона во септември, кога тој бил еден од танчерите на лансирањето на новата колекција облека на Мадона и нејзината ќерка. Таа го поканила да излезат и оттогаш редовно излегуваат заедно.
Но, нивната врска има и многу пречки. Брахим многу малку зборува англиски, а Мадона не знае ниту збор на француски. Освен тоа, наводно Брахим не ја сакал воопшто музиката на 52-годишната пејачка и бил посветен муслиман кој се моли неколку пати на ден и ги презира алкохолот и цигарите, верувања кои се сосема спротивни на начинот на живот на Мадона.
„Не можам да кажам дека сме пресреќни што Брахим е во врска со немуслиманка и фактот што таа е Мадона не ги прави работите да бидат полесни“ – изјавила Патриција.