Шер ги минува летните денови во идиличното Портофино. На италијанското крајбрежје, музичката икона се релаксира заедно со пријатели.
Бидејќи ретко е присутна во медиумите, фотографиите од 75-годишната пејачка наидоа на голем интерес и многу комплименти.
Факт е дека таа има направено интервенции на лицето, но фановите се одушевени од нејзината одржана фигура. Самата Шер ги има потврдено естетските корекции, коментирајќи: „Да, си имам направено фејслифт, но кој нема направено?“