Кристина Агилера објави две нови песни кои се дел од саундтракот на филмот „Burlesque“.
Двете песни „I Am A Good Girl“ и „Express“ ѝ даваат можност на 29-годишната пејачка да ги покаже своите вокални способности. „I Am A Good Girl“ доби и свое видео кое ја прикажува Агилера како заводливо настапува на сцената.
Филмот „Burlesque“ е еден од најочекуваните филмови оваа сезона, во кој освен Кристина, ќе учествува и Шер. Денес се појави и една од песните од овој саундрак кои ги исполнува Шер – „Welcome To Burlesque“.
Еве ги и трите песни.