Ќеркичката на Иван Јованов наполни една година.
Пејачот од Либеро бенд го одбележа овој ден со објавување на слатки роденденски фотографии со славеничката Ниа.
„Една годинка со тебе, моето срце е засекогаш твое. Среќен роденден Ниа“ – напиша тој.

„Ниа, не можевме ни да ја замислиме длабочината на љубовта што ќе ја почувствуваме за тебе - тоа е љубов што го исполнува секој дел од нас и станува се посилна со секој изминат ден. Ти си нашето дете со чисто срце, толку силен дух и душа која сјае посилно од сè.“
„Запомни засекогаш, каде и да те однесе животот, ние ќе бидеме тука да те бодриме на секој чекор од патот.“
„Една година подоцна, цел живот спомени до крајот.“
„Среќен роденден наша светлино“ – стои во описот на мини албумот на Иван со фотографии со Ниа и со сопругата Ивана.












