Ник Џонас и Пријанка Чопра не ја кријат својата врска. 25-годишниот пејач и 35-годишната актерка деновиве поминуваат многу време заедно, а нивните излегувања се овековечени од папараците.
Новиот пар заедно отпатува и на свадба во Атлантик Сити кај роднина на Џонас, што ги поттикна фановите да коментираат дека врската им станува сериозна.