Бруклин Бекам ја доби својата прва награда. Синот на Дејвид и Викторија Бекам прими статуетка на настанот „Power of Young Hollywood“, организиран од списанието Variety.
На свеченоста во Холивуд, 23-годишниот готвач ја доби поддршката од 27-годишната сопруга Никола Пелц. Славниот пар си разменуваше бакнежи додека позираше пред фоторепортерите.
Никола носеше модна комбинација од Фенди. Минатиот месец, таа си ја промени бојата на косата.
Бруклин беше ѕвезда на насловната страница на најновото издание на списанието.
Бруклин и Никола стапија во брак на 9 април оваа година.