Адријана Лима и Андре Лемерс беа гости на најновиот настан организиран од Tiffany & Co.
На свеченоста во Саун Пауло, 43-годишната Бразилка и 43-годишниот продуцент изгледаа заљубено и среќно.
Парот беше облечен во црно и си разменуваше бакнежи додека позираше пред фоторепортерите.














Лима и Лемерс стапија во брак во декември минатата година. Тие заедно имаат едно дете, а имаат по уште две деца од претходните бракови.

