Гоца Тржан и Раша Новаковиќ прославија 13 години од почетокот на нивната љубовна приказна.
50-годишната пејачка сподели романтични фотографии со нејзиниот 36-годишен сопруг за да ја одбележи оваа специјална годишнина.
„13 не е среќен број, но мене овие 13 години со тебе ми ја донесоа најголемата среќа која не можев ни да си ја замислам. Љубовта како и снагата, колку повеќе ја трошиш, даваш, делиш, толку повеќе ја имаш. Засекогаш ќе бидеш мојата љубов. Те сакам. Онака како што само остварена и задоволна жена може и знае да сака. Бидејќи ми ја оствари и задоволи секоја замисла која ја имав за тоа како треба да изгледа односот помеѓу мажите и жените. Вечноста е прекратка за нас“ – напиша Тржан.
Гоца не крие дека со Раша со години се обидуваат да имаат дете, но неуспешно.
Во една прилика таа призна дека е свесна колку се мали шансите да има свое биолошко дете со Раша поради нејзината возраст.
„Тешко е по 40-тата година. Додека сме живи, Раша и јас ќе посакуваме да имаме дете, тоа е нормално, природно, човечки. Многу мал е процентот за успешност во овие години, дури е едноцифрен. Јас сум во сè реална, ако еден ден Раша посака да замине затоа што немаме деца, јас немам право да му се лутам за тоа. Природно е да сака да биде биолошки татко, немам право тоа на некого да му го скратувам. Сето тоа е живот“ – рекла таа и додала дека доколку може да добие дете преку сурогат-мајка, би го направила тоа.