Хајди Клум по третпат ќе стапи во брак. Популарниот супермодел го прифати предлогот за брак на Том Каулиц, кој ја запроси на бадниковата вечер.
45-годишната Германка ја објави среќната вест преку фотографија со 29-годишниот член на Tokio Hotel, а од нејзината рака блеска вереничкиот прстен. „Реков ДА“ – стои во описот.
Хајди и Том ја започнаа својата врска на почетокот од оваа година, а за првпат се појавија како пар во јавност во мај.
Еден ден пред запросувањето, Хајди и Том со нејзините деца се забавуваа во Дизниленд.
Хајди зад себе има оставено два брака. Таа прво беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година. Потоа, имаше љубовна врска со Флавио Бријаторе, со кого има едно дете.
Клум седум години беше во брак со музичарот Сил, со кого има три деца.
Том претходно беше во брак со Риа Сомерфилд, од која се разведе годинава.