Моника Белучи беше почесна гостинка на Меѓународниот филмски фестивал во Пекинг. 52-годишната Италијанка изгледаше како занесна убавица во креација од високата мода на Валентино.
Шармантната ѕвезда мамеше воздишки кај присутните, додека чекореше на црвениот тепих на големата свеченост.
Впечатливиот црвен фустан, кој доаѓа од колекцијата есен 2016 на врвната италијанска модна куќа, Белучи го искомбинира со накит од Картие.









Во рамките на настанот, Моника присуствуваше на пресконференција каде се појави во црно-бел фустан со точки и сандали од Кристијан Лобутин.






