Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ одекнува низ регионот. Популарниот пејач изминативе неколку дена беше лекуван на Инфективната клиника во Нови Сад поради воспалување на белите дробови и за жал, не успеа да се избори за живот. Имаше 67 години.
Српскиот медиум „Блиц“ извести дека Балашевиќ имал КОВИД-19, но таа вест сè уште не е официјално потврдена.
Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 во Нови Сад. Во својата долга и богата кариера имаше издадено 12 албума, а глумеше и во неколку телевизиски серии за кои ја напиша музиката.
На музичката сцена се проби со бендовите Жетва и Рани мраз пред да продолжи да нижи хитови соло.
Славниот музичар и неговата сопруга Оливера имаат три деца - две ќерки и еден син.