Жерар Пике го одведе синот Милан во Штутгард и заедно го проследија фудбалскиот натпревар помеѓу Шпанија и Германија.
37-годишниот поранешен фудбалер и 11-годишното момче беа фотографирани на трибините во MHP Arena. Пике му зборуваше на Милан додека со големо внимание го следеа четвртфиналниот меч во кој победи Шпанија и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство 2024.
Милан е син на Пике од долгогодишната врска со пејачката Шакира. Тие се разделија во јуни 2022 година, а заедно имаат уште еден син.
Од разделбата наваму, Пике е во врска со Клара Чиа Марти, со која се шпекулира дека ја изневерувал Шакира.