Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ентони Дод Ментл добитник на престижната Златна камера 300 за животен опус на „Браќа Манаки“

Ентони Дод Ментл добитник на престижната Златна камера 300 за животен опус на „Браќа Манаки“

Истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл ќе биде награден со Златна камера 300 за животен опус на 43-тото издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на претходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна Камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина.

Така Дод Ментл, по 13 години, откако во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната Златна Камера 300, годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“.

Ентони Дод Ментл

Во меѓувреме, неговиот опус е збогатен со уште десетици филмови и ТВ серијали кои се и негова специјалност, меѓу помаркантните, тематски и како портрет на контроверзниот Путин, „Интервјуа со Путин“ (The Putin Interviews), во режија на водечкиот американски режисер Оливер Стоун.

Роден во 1955 година во Витни во Оксфорд, во Обединетото Кралство каде што се школувал во гимназиската возраст. Ентони Дод Ментл вели дека, иако живее во Данска, сепак тој се буди секој ден чувствувајќи се Британец/Англичанец. Но, чудно или не, наместо да студира во Оксфорд или Кембриџ, од 1985 до 1989 година студирал камера на Националната Филмска Школа во Копенхаген, кога и започнува да живее и работи во Данска. Со тоа станува натурализиран Данец со британско потекло.

Веднаш по студиите ја започнува својата соработка со неколку дански режисери кои се носители на новиот дански филмски бран, при што најзначајен му е Догме периодот. Тој станува еден од творците на тој оригинален дански филмски израз/тренд, започнувајќи соработка со родоначалниците на ова филмско движење. Така, во 1998 ќе го сними официјално првиот Догме филм „Семејна прослава“, кој на режисерот Томас Винтерберг му ја донесе светската слава. Cо својата снимателска работа и Дод Ментл го сврте вниманието, зашто суштината на Догме изразот и неговите аскетски правила биле базирани на начинот – како ќе биде сниман секој Догме филм (главно со користење на камера од рака) и добивање филмска фотографија без артифициелни светлосни извори, туку природни.

Ентони Дод Ментл

Во 1999 година веднаш следува и третиот Догме филм што го потпишува Дод Ментл, тоа е „Мифуне/Mifune’s last song“ на режисерот Серен Крег Јакобсен. Тоа е современа социјална драма за момчето Крестен, кој од семејната фарма се сели во велеградот Копенхаген. Во истата година, американскиот независен автор, 20 години помладиот од Ментл, Хармони Корин, ја бара соработката со искусниот Ментл, со кого го реализира првиот американски Догме филм – „Џулиен магаренцето“ (Julien donkey boy“), учесник во натпреварот на 21. „Браќа Манаки“ во 2000 година.

За Ентони Дод Ментл, соработката со главниот иницијатор и основач на Догме движењето – Ларс Фон Триер, била неизбежна, од двата филма на провокативната трилогија за Америка: „Кучешки град“ („Dogvil“) oд 2003 година и „Мендерлеј“ (Manderlay) oд 2005 година, до подоцнежниот, исто така кански учесник, уште поконтроверзниот „Антихрист“ („Antichrist“) од 2009 година, во кој Ментл го демонстрирал своето врвно кинематограферско мајсторство. Дод Ментл соработувал и со данската водечка режисерка Лоне Шерфиг во двата филма „Роденденскиот излет“ (The birthday trip), веднаш по завршените филмски студии во 1990 година, како и подоцнежниот „Баш како дома“ („Just like home“) во 2007 година.

Ментл му се врати и на режисерот Томас Винтерберг во 2003 како кинематографер на неговиот филм „Сѐ за љубов“ („Аll about love“), со американското актерско трио: Шон Пен, Џоекин Феникс, Клер Дејнс. Со стекнатото искуство, Дод Ментл ја проширува соработката и надвор од Догме кругот, па создава неколку маркантни филмови во неговиоит опус, како „127 часа“ („127 часа“) во 2010 година, во режија на Дени Бојл, со актерот Џејмс Франко, во улогата на автентичен алпинист кој бил 127 часови заглавен меѓу карпи, борејќи се да преживее во амбиентите на еден кањон во Јута). Во филмот „Последниот крал на Шкотска“ („Тhe last king of Scotland“) Ментл го слика актерот Форест Витекер, во личноста на озлогласениот африкански диктатор Иди Амин.

Во филмот „Тие прво го убија татко ми“ („First they killed my father“) oд 2017 година, со режисерката Анџелина Џоли, ги реконструираат потресните автентични настани од драмата на една камбоџанска активистка за слобода, која ги преживеала ужасите на смртоносниот режим на Црвените Кмери.

Ентони Дод Ментл

Триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл (со кого, таа година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“). Така е крунисана и тандемската соработка на Дод Ментл со режисерот Дени Бојл, со кого предходно уште ги снимаше двата ТВ филмови „Комплетно голо издишување во рајот“ („Vaccuming completely nude in paradise“) и „Блудница“ (Strumped), обата реализирани во 2001 година. Потоа следуваа и двата филмови „28 денови подоцна“ („28 days later“) од 2002 година, како и „Милиони“ („Millions“) од 2004 година.

По тоа искуство и соработка беше природно комплетното зближување на Ментл со Бојл, кои максимално ефектно ги обединија своите креативни потенцијали во создавање на филм од Оскаровски калибар каков што е „Сиромашниот милионер“ кој им донесе осум Оскари за најдобар кинематографер и режија, како и за најдобар филм. За нивната соработка во ова ремек дело инспирирано од автентичниот живот во индиските сламови, од кои на скоро документаристички начин, Ментл ја доловува драмата на сиромашното момче, 18 годишниот Џамал од предградието на Мумбаи, кој е на дофат на апсолутната среќа да биде милионски добитник на популарната пансветска ТВ шоу игра – „Кој сака да биде милионер?“

Ментл, во една прилика изјави:

„Работењето на филмот „Сиромашниот милионер“ беше физички напорно и ментално истоштувачки. Но, со другарство, доверба и разбирање вие можете да го преживеете тоа. Тоа помага ако имате континуирана врска каква што јас имав со Дени, тој е режисер кој држи сѐ во рацете, со многу енергија која ве води до крај, успешно. По сѐ изгледа, светот искрено го засака филмот „Сиромашниот милионер“. Индија ми е многу драга и јас сум среќен што имав удел во создавањето на филмот таму.”

Ентони Дод Ментл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.