Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделувањето на главните награди на свеченото затворање на „Браќа Манаки“ во Битола

Доделувањето на главните награди на свеченото затворање на „Браќа Манаки“ во Битола

Синоќа, беше означен крајот на најновото издание на најстариот филмски фестивал посветен на кинематограферите.

На затворањето на „Браќа Манаки“, беа доделени главните награди „Камера 300“, како и „Специјалната златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Водителка беше Миланка Рашиќ.

Доделување награди на Браќа Манаки

Наградата Златна камера 300 ја доби Рубен Импенс за филмот „Осум планини“. Добитниците на главните награди беа избрани од жирито во состав Маја Богојевиќ, Самир Љума, Жан Мари Дружу, Карлос Дијас и Мелиса Созен.

„За компонирањето на моќна и трогателна приказна што го одзема здивот, во која воодушевувачки се испреплетуваат планинските пејзажи и човечката осаменост во хармонија со природата, мајсторски снимени во тешки услови што ја стаписуваат публиката. Златната камера 300 се доделува на Рубен Импенс за филмот ‘Осум планини’“ - соопшти претседателот на жирито Жан Мари Дружу.

Доделување награди на Браќа Манаки

Сребрената камера 300 ѝ припадна на Дариа Д’Антонио за филмот „Божјата рака“. Добитничката ја прогласи Маја Богојевиќ, членка на жирито.

„За извонредно нијансираниот и сликовит приказ на животот во Неапол и прецизно и доследно кадрирање во ова прекрасно љубовно писмо до Фелини со автобриографски примеси Сребрената камера 300 ѝ се доделува на Дариа Д’Антонио за филмот ‘Божјата рака’“ – изјави Богојевиќ.

Дариа неколку дена беше гостинка во Битола за време на Фестивалот, но не беше присутна на затворањето за да си ја подигне наградата. Таа испрати порака во која се заблагодари на жирито и на сите коишто ги запозна за време на престојот во Битола.

Доделување награди на Браќа Манаки

Бронзена камера 300 беше доделена на Хидетоши Шиномија за филмот „Вози ја мојата кола“.

„За суптилната, но цврста камера која поетично ги пренесува трогателните човечки приказни за нежноста кои универзално одекнуваат, Бронзена камера 300 се доделува на Хидетоши Шиномија за филмот ‘Вози ја мојата кола’“, соопшти Карлос Дијас, член на жирито.

Доделување награди на Браќа Манаки

Краткометражниот филм е секогаш голем предизвик за филмските автори. Филмот „Варша“ беше избран за најдобар краткометражен филм и ја доби наградата Мала камера 300.

„Имавме прекрасен фестивал, изгледавме доста филмови од кратката и главната програма. За совршеното мајсторство во создавањето на незаборавна визуелна поема која го спојува традиционалниот филмски јазик со новите технологии со цел да ги одрази длабоко потиснатите чувства на протагонистот Малата камера 300 се доделува на Шади Чабан за краткометражниот филм ‘Варша’“ – соопшти Самир Љума, член на жирито.

Доделување награди на Браќа Манаки Доделување награди на Браќа Манаки

Селекторот на студентската програма, Ѓорги Пулевски, ја додели наградата Кристална камера 300 за најдобар студентски филм на „Вдовица и сираче“ во режија на Никлас Форман, директор на фотографија Симон Харт и Кристијан Нојбергер. Филмот доаѓа од филмската академија од Виена, Австрија. Наградата ја прими режисерот Форман.

Одлуката ја донесе жирито во состав: Митко Панов, Фејми Даут и Благоја Куновски – Доре.

Доделување награди на Браќа Манаки Доделување награди на Браќа Манаки Доделување награди на Браќа Манаки

Наградата Железна камера 300 за документарен филм беше доделена на филмот „Мара“ на Саша Кулак. За оваа награда одлучуваше жирито составено од Јасмин Башиќ, Фејми Даут и Есин Белит.

Жирито на документарната програма одлучи да даде посебно признание на формално храбар и силно политички определен филм, кој ги надминува жанровските граници, вешто играјќи си со инструментите на фикцијата, истражувајќи нови феминистички наративи филмот успева да понуди вознемирувачки приказ на современ Бразил. Посебното признание му е доделено на филмот „Гори сува земја“ на Жоана Пимента.

На крајот, министерката за култура Бисера Костадоновска – Стојчевска му ја врачи Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на познатиот британски кинематографер Џон Метисон.

Доделување награди на Браќа Манаки

„Воодушевен сум што сум овде, бидејќи ова е едно од местата каде соодветно се чествува нашата работа. Нема многу места во светот што сооветно ја чествуваат нашата работа, а вие од фестивалот ‘Браќа Манаки’ навистина успевате да го направите онака како што доликува. Успевате да нè промовирате нас како кинематографери и нас како филмска камера како нешто што заслужува многу голема важност. Луѓето понекогаш не сфаќаат колку е тешко страници и страници црно-бел текст да се преточат низ камера во визуелен јазик. Затоа што ова не е обид да се зачува јазикот на некоја одредена група, бидејќи визуелниот јазик секој го разбира. Кога снимале браќата Манаки имало само слики, а сликите сите ги разбираат“ – рече Метисон.

Доделување награди на Браќа Манаки Доделување награди на Браќа Манаки Доделување награди на Браќа Манаки

Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски, одржа говор на сцената и го прогласи фестивалот за затворен.

„Нам реалноста не ни е доволна и затоа оваа година се обидовме да создадеме настан каков што заслужуваат Битола и Македонија. Дека имавме предобри филмови, фантастични жирија и исклучителни добитници на специјалната награда Златна камера 300 за животно дело и за особен придонес во филмската уметност знаевме уште кога го отворивме Фестивалот, она што не го знаевме беше колкумина од вас ќе дојдат во оваа сала да уживаат во филмовите, а работевме сериозно на тоа. Она што не го знаевме беше како ќе се чувствуваат гостите и домаќините со програмата која ја подготвивме. Овој фестивал е бисер со којшто можеме да се гордееме, не заради мене, туку заради сите кои работеле во изминатите години создале таква репутација во светот што сите кинематографери сакат да доаѓаат во Битола. За мене беше важно Битола да го доживее фестивалот како свој и се надевам дека тоа се оствари бидејќи кино салите беа полни, секој ден каде и да одам гледам лица кои ме поздравуваат со радост“ – изјави Дамевски и додаде дека неговата мајка му рекла дека Битола отсекогаш бил аристократски град.

Доделување награди на Браќа Манаки Доделување награди на Браќа Манаки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.