Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделувањето на почесните награди на отворањето на „Браќа Манаки 2022“

Доделувањето на почесните награди на отворањето на „Браќа Манаки 2022“

На отворањето на 43-тото издание на „Браќа Манаки“, кое синоќа се одржа во Центарот за култура во Битола, беа доделени три специјални награди.

„Почесна златна камера 300“ за првпат му беше доделена на долгогодишниот претседател на ИМАГО, Најџел Волтерс. Наградата нему му ја врачи директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски, кој претходно одржа говор.

„Добредојдовте во Битола, која овие денови ќе биде еден од главните центри на светската филмска мапа. Сите овие 43 фестивалски изданија, реалноста не ни е доволна и секоја година фестивалот расте и се развива и сега веќе со гордост можеме да кажеме дека прерасна во еден од главните културни идентитети на Македонија. Фестивалот ‘Браќа Манаки’ е всушност еден голем мост што ја поврзува македонската со светската кинематографија“ – изјави Дамевски.

Симеон Мони Дамевски Симеон Мони Дамевски

„Ви благодарам многу, му благодарам на Фестивалот, ви благодарам Претседателе. Ќе ме извините, малку гласот ми е фатен. Ама како и сите Англичани, понекогаш зборувам и се движам смешно, па ќе ми простите. Многу ми е мило што ја добивам оваа награда. Кога станав претседател на ИМАГО, веднаш ми кажаа ‘Мора да внимаваш на Фестивалот Браќа Манаки, затоа што тоа е фестивалот каде што токму ние се славиме како кинематографери, се слави филмската камера’. И навистина оттогаш правам сè од себе за да се продолжи оваа традиција и соодветно да се прослават кинематограферите и филмската камера“ – рече Волтерс по примањето на наградата.

Најџел Волтерс Најџел Волтерс Најџел Волтерс

Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, која традиционално се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија, оваа година постхумно му припадна на филмскиот продуцент Горјан Тозија.

Наградата ја прими неговиот син, а истата му беше врачена од директорот на ДФРМ, Игор Иванов Изи.

„Постојат навистина многу причини зошто токму Горјан Тозија треба да ја добие наградата ‘Голема ѕвезда на македонскиот филм’. Можеби најмалата од тие причини е тоа што тој е човекот кој ја измисли оваа награда. А во потрага по воспоставување на вистински вредности, во време кога некои вредности можеби беа заборавени, тој се одлучи да ја воспостави оваа награда и прв нејзин лауреат да биде Кирил Ценевски, токму во време кога беше малку заборавен. А потоа следеа многу значајни и големи имиња кои блескаат на големото или зад големото македонско филмско платно. И овој фестивал може да биде поделен на две епохи, пред и после Медо, затоа што оние кои се упатени многу добро знаат дека токму во време на неговиот мандат кога тој беше директор на овој фестивал, 'Браќа Манаки' од значаен и убав, но сепак регионален настан, прерасна во светски фестивал на кој ги гледаме најголемите имиња на светскиот филм и на филмската камера“ – рече Иванов.

Игор Иванов Изи и синот на Горјан Тозија Игор Иванов Изи и синот на Горјан Тозија

„Откако знам за себе, паметам колку тој го сакаше филмот и живееше за филмот. Од него научив колку е тешка филмската професија и колкави жртви бара. Секогаш ми велеше дека нема краток пат до успехот. Знам дека понекогаш беше избувлив и гласен во своите идеи и ставови, но секогаш беше со најдобри намери. Неговата најголема желба беше да го одведе македонскиот филм и култура надвор од нашите граници. Тато, ти благодарам за сè и Ви благодарам на Вам за ова признание“ – изјави Гого, додека во позадина се прикажуваа фотографии од кариерата на неговиот покоен татко.

Блескавата ѕвезда четврта година по ред ја изработува „Божиновски часовници и накит“.

Игор Иванов Изи и синот на Горјан Тозија Игор Иванов Изи и синот на Горјан Тозија

Наградата за „Златна камера 300 за животен опус“ оваа година заврши во рацете на истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл, познат по филмови како „Slumdog Millionaire“, „Antichrist“ и „The Last King of Scotland“.

„Најдлабоко им се заблагодарувам на организаторите за ова признание. Нема да запрам сега, нема да се откажам, можеби оваа награда ја добивам во предвечерието на кариерата, но далеку ми е крајот. На сите млади луѓе кои посакуваат еден ден да стојат овде на ова место, без разлика дали се занимаваат со фотографија или со кинематографија, би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата, а најважното нешто што треба да го кажат треба да дојде од срцето, сето друго е чисто академско. Она што вие автентично го имате е во овие две точки“ – изјави Дод Ментл.

Стево Пендаровски и Ентони Дод Ментл Стево Пендаровски и Ентони Дод Ментл Ентони Дод Ментл Ентони Дод Ментл

Свои говори одржаа и претседателот Стево Пендаровски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Стево Пендаровски Тони Коњановски Тони Коњановски Бисера Костадиновска - Стојчевска

„Реалноста не е доволна“ – е мотото на овогодишното 43-то издание на Фестивалот. Истиот ќе трае до 26 август, кога ќе бидат доделени главните награди „Камера 300” (Златна, Сребрена и Бронзена) за најдобар кинематографер, а за првпат ќе биде доделена „Кристална камера 300“ за најдобриот кинематографер на студентски филмови.

Фестивалот ќе се одвива на три локации: Центарот за култура во Битола, Киното Манаки и Офицерскиот дом.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.