Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Енрике Иглесијас доби специјален подарок за Денот на вљубените од дечиња од Филипини

Енрике Иглесијас доби специјален подарок за Денот на вљубените од дечиња од Филипини

Енрике Иглесијас доби специјално изненадување за Денот на вљубените од дечиња на кои тој им помага во рамките на проектот #Hearts4Kids.

Енрике Иглесијас Енрике Иглесијас Енрике Иглесијас

За време на негов концерт, неколку дена пред Свети Валентин, Иглесијас доби слика со срциња нацртани од детските рачиња, во чиј центар стои фотографија од малите ученици од градинка во Таклобан. Градот Таклобан беше најпогоден за време на тајфунот „Јоланда“, кој однесе илјадници животи.

Изненадувањето со порака „Ти благодариме“ му беше предадено од претставник на невладината организација „Save the Children“ со која Енрике соработува. „Им благодарам многу на децата од Филипини и на Save the Children, кои ми го направија специјален овој Валентин“ – напиша Иглесијас на социјалните мрежи и сподели фотографија од подарокот.

Енрике Иглесијас

Во рамките на проектот #Hearts4Kids, Енрике продава маици, а парите од продажбата одат во фонд кој им помага на деца од кризни подрачја. Дизајнот на маиците е инспириран од срцето кое популарниот пејач го нацрта на својата бела маица кога се повреди од дрон на свој концерт.

Енрике Иглесијас Енрике Иглесијас Енрике Иглесијас Енрике Иглесијас

Благодарение на Иглесијас, досега се собрани повеќе од 25.000 долари за помош на децата од подрачјата погодени од природни катастрофи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23585 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.