Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Енрике Иглесијас: „Го имам најмалиот пенис на светот“

Енрике Иглесијас: „Го имам најмалиот пенис на светот“

Концертот на Енрике Иглесијас во Мелбурн заличи на шоуто на Опра, откако латино ѕвездата покани тројца мажи од публиката да му се придружат на сцена за да зборуваат за големината на машкоста и губењето на невиноста.

36-годишниот пејач ја шокира публиката со своето мало интимно признание и изјавата дека ја изгубил невиноста на 25-години.

Енрике Иглесијас

„Израснав со многу мои другари кои ја изгубија својата невиност со проститутки, не дека има нешто лошо во тоа. Тие мораа да платат за тоа. Јас сакав да ја чекам вистинската девојка, па чекав до 25 години“ – изјави Енрике, но набрзо ја промени приказната и призна дека сепак ја изгубил невиноста на 17 години.

„Бев премногу нервозен првиот пат. Обично првиот пат не е најдобар. Да бидам искрен, имав 17 и пол години и бев многу нервозен. Траеше 10 секунди“ – раскажа Енрике пред љубопитната публика.

Откако еден од момците на бината рече дека првиот пат издржал 10 минути, Енрике му возврати: „Навистина? Јас сега не траам ниту 8 минути“.

Чудниот разговор вклучуваше уште една неочекувана изјава од Енрике. Кога еден од момците му рече дека сигурно шпанските корени му помагаат да ги освои жените в кревет, Енрике брзо му одговори: „Што има врска шпанскиот добар изглед со големината на пенисот? Можеби јас го имам шпанскиот изглед, но го имам најмалиот пенис на светот. Сериозно.“

Иглесијас и овој пат не пропушти да покани женска обожавателка да танцува со него на песната „Hero“.

Toj призна и дека за малку ќе го откажел концертот поради висока температура. Сепак, болеста не го спречи да пие виски на сцена, па на крајот Енрике уште и рече дека можеби не требало да меша алкохол со антибиотици.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19153 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.