Спотовите за песните „Not Afraid“ и „Love the Way You Liе“ му помогнаа на Еминем да стане првиот хип-хоп пејач кој успеал да достигне 1 милијарда прегледи на своите видеа на YouTube.
28-те официјални спота кои Еминем ги има поставено на YouTube се многу популарни кај неговите обожаватели и тој стана третата личност која може да се пофали со ваков успех.
Единствено Лејди Гага и Џастин Бибер ја имаат достигнато импресивната бројка од 1 милијарда кликови. 16-годишниот Бибер останува најгледаниот изведувач на сите времиња со 1,3 милијарди прегледи.
Се претпоставува дека Ријана ќе биде следната музичка ѕвезда која ќе ја премине оваа граница на YouTube.