Телевизиските серии „Homeland“ и „Modern Family“ беа големите победници на 64. по ред доделување на Еми наградите кое се одржа вчера во Лос Анџелес.
Комедијата „Modern Family“ повторно доминираше во категориите за комедија, присвојувајќи ја наградата Најдобра хумористична серија. Ерик Стоунстрит и Џули Бовен од „Modern Family“ ги добија наградите за најдобар актер и актерка во споредна улога во комедија.
Џон Крајер од „Two and a Half Men“ е прогласен за Најдобар актер во ТВ серија комедија, додека Најдобра актерка во ТВ серија комедија е Џулија Луис-Дрејфус од „Veep“.
„Homeland“ беше прогласена за Најдобра драмска серија. Психолошкиот трилер ја освои наградата, победувајќи ги „Boardwalk Empire“, „Breaking Bad“, „Downton Abbey“, „Mad Men“ и „Game of Thrones“. Главните херои во „Homeland“, Клер Дејнс и Демијан Луис, ги примија наградите за Најдобра актерка и Најдобар актер во категоријата драма.
Големо изненадување на вечерта беше што хит серијата „Mad Men“ не доби ниту една награда.