Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ема Вотсон прогласена за „икона на стилот“ на Elle Style Awards 2011

Ема Вотсон прогласена за „икона на стилот“ на Elle Style Awards 2011

Вчера во Лондон се одржа доделувањето на Elle Style наградите од страна на познатото списание Elle.

Ема Вотсон, ѕвездата од филмовите „Хари Потер“, ја доби наградата за „икона на стилот“. 20-годишната актерка, која доби големи пофалби за својата кратка фризура, изјави дека е пресреќна за признанието од креаторката Вивиен Вествуд.

Вивиен Вествуд и Ема ВотсонВивиен Вествуд и Ема Вотсон

„Прекрасно е. Многу ја сакам модата... Го правам она што го сакам и се забавувам. Дефинитивно чувствувам повеќе притисок во последно време, но тоа ми е забавно“ – изјавила таа.

Ема ВотсонЕма Вотсон

Уредничката на Elle искажала пофалби за индивидуалноста на Ема: „Таа има дистинктивен индивидуален изглед. Ние секогаш во Elle велиме дека не е важно што носиш, туку како го носиш, а таа има таков дух.“

Шерил КолШерил Кол

Водителка на наградите беше Алекса Чанг. Шерил Кол беше наградена за најдобра пејачка, Натали Портман за најдобра актерка, Блејк Лајвли за најдобра телевизиска ѕвезда, Том Форд за најдобар интернационален дизајнер, а Хелена Кристенсен доби награда за особен придонес во модата.

Блејк ЛајвлиБлејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.