Хелен Мирен е доказ дека годините се само обична бројка.
71-годишната актерка одушеви во елегантно издание на премиерата на филмот „Collateral Beauty“ во Њујорк. Дамата со изострено чувство за стил блескаше во сино-сребрен фустан со цветни детали од Marchesa, кој го надополни со обетки од Lydia Courteille и ѓердан од Gilan.




Особено внимание привлекуваше бундата од вештачко крзно на Мирен, на која беше прикачен беџ што укажуваше дека таа е против носењето на природно крзно.






Покрај Хелен, во филмот улогите ги толкуваат Вил Смит, Кира Најтли, Кејт Винслет, Едвард Нортон, Мајкл Пења и Наоми Харис.

