Тамара Тодевска имаше моќен настап на првиот избор на Мис Универзум на Македонија.
Во Националната опера и балет, 39-годишната пејачка блесна во раскошна креација со корсет, а сега сподели фотографии на социјалните мрежи. Таа доби многу комплименти за изгледот на изборот за убавина, кој за првпат се одржа кај нас.
Тодевска настапи на сцената со евровизиската песна „Proud“.
Претходно, фотографии од Тамара беа споделени и на профилот на организацијата.
На натпреварот победи Теа Ѓоргиевска и оваа година ќе нè претставува на изборот за Мис Универзум.